
__________________________________________________________________
12.12.2006
КОУЗОН во Србија
Договор за соработка со Универзитет
На 6 декември , во Белград , на најголемиот приватен Универзитет СИНГИДУНУМ го потпишавме првиот официјален генерален Договор за соработка со Универзитетска институција во Србија.
Овој договор е само надополнување на предходните договори , кои ги имаме за соработка со повеќе Факултети од Универзитетот во Ниш .
Договорот со Сингидунум Универзитетот , за нас како компанија е голем успех и голем исчекор напред во промоцијата на Коузон во Србија , новиот постор кој полека го освојуваме .
Договорот ги опрафака сите наши програми за практична работа во странство на студентите од овој Универзитет ,
Прв заеднички проект ќе биде практичната работа на студентите од Факултетот за туризам и хотелиерски менаџмент , кои во летото 2007 година ќе работат во Грција кај еден од нашите најдобри партнери.
( имавме и презентација пред студентите за оваа програма )

Договорот во името на Универзитетот Сингидунум го потпиша Ректорот Проф.др. Милован Станишиќ .
Во периодот кој следи , ние на сите други Факултети од овој Универзитет ќе им понудиме слични програми за практична обука во странство но и можност за студирање на еден семестар во некоја од Европските држави или Америка .
Повеке информации за Универзитетот видете на http://www.singidunum.ac.yu

__________________________________________________________________
12.12.2006
Коузон – на саемот за образование во НИШ
Од 8 до 10 декември , во просториите на Електротехничкиот факултет во Ниш , се одржа Саем за образование , наука , информации и запослување .
Ние , бевме едни од покровителите на овој настан но и единствена студентска агенција присутна на Саемот. Интересот за нашиот штанд беше огромен , а пред се сите студенти се интересираа за нашите програми за летна студентска работа во САД 2007 . На штандот имавме лична средба и со Министерот за образование на Србија г-дин Слободан Вуксановиќ , кој лично се заинтересира за нашите програми и ја поддржа идејата за студентска пракса во странство за сите студенти од Србија .
Имавме средби и со Ректорот на Нишкиот универзитет но и со повеќе Декани на Факултети од Нишкиот регион.

__________________________________________________________________
Како што беше најавено во рамките на промотивните активности на Коузон на 12.12.2006 во Штип беше одржана презентација на Универзитетот Кирил и Методи и тоа на факултетите: Педагошки, Рударско- геолошки, Електро-технички, Правен и Економски.
На презентацијата учество зедоа голем број студенти од сите студиски години, на кои преку видео бим им беа презентирани можностите и условите за заминување на летна студентска работа во Америка, како и останатите програми кои им стојат на располагање, а ги нуди Коузон.
Студентите поктрај исцрпната презентација, и понудениот реламен материјал, интерактивно учествуваа поставувајки отворени прашања, на кои тимот на Коузон
безрезервно им одговараше.
Еве неколку фотографии од презентацијата:

__________________________________________________________________
Наши кандидати ќе работат во Walt Disney World
– Orlando, Florida 2007
Успешно го реализиравме првото интервју за H2b и Work & Travel за 2007 , во Скопје. Предизвикот беше голем , најголемиот забавен комлекс на светот , Walt Disney World ( WDW ) од Орландо во Флорида.
Представниците на WDW раговараа со сите наши кандидати за двете форми на вработување , летна студентска работа и сезонска работа за млади .
И двата дена , пред почетокот на интервјуата низ 2 часовна презентација , беше представено се она што значи работата во овој забавен парк , условите , работните позиции , сместувањето , заработката , можности за користење на слободното време и забава .По ова очигледно беше воодушевувањето на кандидатите и мотивот за заминување во Флорида .
Вработувањето ќе биде реализирано во текот на 2007 година по добивањето на одобрениата од страна на Американските служби .
Гостите од Флорида искажаа спремност да бидат пак наши гости во март 2007 , за кога го закажавме следното интервју за овие две програми .
Еве неколку слики од случувањата за време на презентациите и интервјуата во Домот на пратеници во Скопје .

___________________________________________________________________
ЕДИНСТВЕНА БЕСПЛАТНА ПРОГРАМА ЗА СИТЕ МЛАДИ И СТУДЕНТИ
(РАБОТА ВО НАЈУБАВИОТ ЗАБАВЕН ПАРК ВО СВЕТОТ Orlando, Florida)
[20 Ноември 2006] - КОУЗОН – реализирана првата активност со Walt Disney World во Скопје..
____________________________________________________________
23.10.2006
РАБОТЕТЕ ЗА НАС – како ПРОДУКТ МЕНАЏЕР-и
Коузон Ви нуди можност да бидете дел од нас и да работите со нас.
Што треба за да аплицирате за работа во Коузон???? Да сте редовен студент (2, 3 или 4 година);
Да зборувате англиски (или друг светски јазик);
Да сакате тимска работа;
Да сте слободни за патувања во земјата и странство ;
Да поседувате комуникативни способности;
Да имате ведро расположение (независно од приликите) .
|