КОУЗОН – реализирана првата активност со Walt Disney World во Скопје
На 20 Ноември , ние го реализиравме првиот проект со Walt Disney World
WDW од Орландо – во Македонија .
На наша покана а во присуство на Г-ѓата Lidia Arledge – од одделот за International Study and Work Programs на WDW , ја презентиравме можноста за студирање – работа во САД во соработка со неколку Универзитети .
На средбата присуствуваа Декани и представници на Факултетите за туризам и Угостителство од Македонија и од Србија.
Идејата на оваа соработка е да им се понуди на студентите од Македонија и Србија можност да престојуваат 5 месеци во некоја Универзитетски кампус во САД а потоа да имаат практична работа во Walt Disney World во Орландо.
Според најавите на представниците на Факулетите оваа иницијатива ќе биде ставена официјално на програмите на Факултетите и сите заинтересирани студенти ќе можат да аплицираат за престој и школување во САД .
Еве неколку слики од презентацијата.


|